Тајните агенти УБИВААТ И КИДНАПИРААТ, а британската влада МОЛЧИ!

Фото: Профимедиа

Британската служба за безбедност МИ5 со децении нелегално им дозволува на своите агенти да вршат сериозни злосторства, вклучително и убиство, киднапирање и тортура, соопшти британскиот суд.

Четири организации за човекови права поднеле претставки против британската влада, поради политиката, за која тие тврдат дека, „намерно им дозволуваат на агентите на МИ5 да се впуштат во криминал“ и ефикасно „им обезбедува имунитет од кривичен прогон.

Огранизациите тврдат дека таквата политика постои најмалку од 90-тите години и се чува во тајност со децении. Тие сега од судот бараат таквата политика да се прогласи за нелегална и да се забрани натамошно незаконско однесување.

Иницијаторите на постапката, на самото сослушувањето истакнале дека на шпионите на МИ5 им е дозволено криминално однесување за различни намени, вклучително и за цели на национална безбедност и одржување на економската благосостојба на Велика Британија.

Во тужбата се тврди дека агентите под МИ5 вршеле кривични дела што довеле до сериозни нарушувања на основните човекови права, повикувајќи се на бројни убиства во последните децении, кои вклучувале тајна врска со државата. Се наведува дека владата одбивала да потврди дека ваквите кривични дела не можат да бидат санкционирани во согласност со нејзините политики.

Гувернерот Џејмс Иди, изјавил дека е невозможно за MИ5 да работи без агенти кои ја штитат јавноста од моменталните закани, особено од терористички напади.

– Со оглед на лицата со кои иимаат работа, тие мора да дејствуваат на одреден начин и да учествуваат во одредени активности – рече тој, тврдејќи дека Службата не им дава имунитет од кривична одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот