Тајниот план на Кремљ: Лукашенко во очај бара помош од Путин, а еве што тој навистина сака од него

epa08635345 A protester places a picture which displays Belarus President Lukashenko and Russian President Putin hugging, during a rally in support of the Belarusian opposition and against the results of the Belarusian presidential election, near the Belarus embassy in Kiev, Ukraine, 30 August 2020. Opposition protests in Belarus continue against alleges poll-rigging and police violence at protests following election results claiming that president Lukashenko had won a landslide victory in the 09 August elections. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Кривични пријави, грабнувања, ставање кеси преку глава и закани со смрт – белорускиот диктатор Александар Лукашенко не бира средства во обид да ги задуши ескалирачките протести против своето 26-годишно владеење, во пресрет на клучниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, пишува Гардијан.

Лукашенко и Путин денеска, како што соопшти Кремљ треба да разговараат за плановите за дополнителна интеграција на двете земји. Ова е прва посета на белорускиот претседател откако избија протестите во земјата, истакнува „Москов тајмс“. Од Кремљ во петокот на наведоа дека Путин и Лукашенко ќе се состанат во одморалишето на Црното Море за да разговараат за дополнителна интеграција како и за клучните трговски и енергетски проекти.

Во Сочи средба Путин – Лукашенко

„Планирано е да се дискутира за клучните прашања за натамошниот развој на руско-белоруското стратешко партнерство и алијанса“, соопштија од Кремљ.

Меѓутоа, таа дополнителна информација има крајна цел нешто друго.

Путин сака да ги обедини двете земји, а Москва своите досегашни понуди за воена и економска помош ги проследуваше со повици за поблиска интеграција.

Илјадници Белоруси секојдневно протестираат низ Минск и другите поголеми градови/ Минск/16 август 2020/ Фото: EPA-EFE/STR

Наместо да распореди „мали зелени луѓе“ за да ја окупираат белоруската територија, Москва цели на нешто што се нарекува „мека анексија“. Стратегијата е постепено „варење на жабата“, почнувајќи од економска интеграција и заедничка валута, по што следува политичка интеграција низ заедничка надворена и безбедносна политика, а која ќе кулминира со полноправно членство на државата во Унијата што де факто ќе значи апсорпција на Белорусија во Русија, пишува Форин Аферс.

Над 400 приведени демонстранти на протестите во Минск (ФОТО+ВИДЕО)

Последните неколку години Путин го притискаше Лукашенко да се потчини на овој план истакнувајќи ја неговата економска димензија. Сега, под закрила на моменталната политичка криза, Москва и Белорусија испраќаат мноштво „политички технолози“, покрај прикриените разузнавачи, кибер – оперативци, медиумски консултанти, пропагандисти и советници за безбедност. Тоа се „мали сиви луѓе“, а не „мали зелени“, а нивната специјалност е политичко војување. Нивната непосредна задача е да постават темели за мека анексија.

На Кремљ му е потребен Лукашенко на власт за да ја постигне оваа цел – барем засега.

Лукашенко бара помош од Путин за да ја задржи власта/ Минск 16 августи 2020/ Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека не постојат планови за заедничка конференција за новинари по состанокот во Сочи, ниту потпишување на било каков договор.

„Москов тајмс“ потсетува дека Лукашенко минатата недела рече дека на разговорите со Путин планира „да стави крај на буквата ‘и’ по прашањата кои се многу чувствителни и деликатни за двете држави“.

Лукашенко, кој е на власт во Белорусија 26 години исто така во текот на оваа недела, јасно стави до знаење дека нема намера да се симне од власт, повторувајќи дека попрво би умрел отколку се да се одрече од неа.

Хаос во Белорусија: Со водени топови растерани демонстрантите во Брест, протести и во другите градови(ВИДЕО)

– Власта не е дадена за да биде одземена, отфрлена или предадена – рече тој оваа недела.

По бруталното насилство на протестите неколку дена откако Лукашенко ја прогласи спорна победа на изборите на 9 август, неговите безбедносни сили се воздржаа од насилство врз масата демонстранти и наместо тоа се свртеа кон лидерите на протестите, кои беа уапсени или депортирани во странство. Сепак, тоа не ги спречи демонстрантите да се соберат и да бараат политички промени во земјата.

Демонстрантите протестираат и против полициското насилство во Белорусија/ 16 август 2020/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Путин е можеби единствената личност што може да стави крај на овој маѓепсан круг протести во земјата и одбивањето на Лукашенко да ја напушти власта, а „Гардијан“ наведува дека е можно следното поглавје од белоруската историја да биде напишано, не на улиците во Минск, туку во Русија, каде двајца претседатели ги чека сериозен разговор.

За преговори најверојатно е потребна деликатна рамнотежа меѓу двајцата лидери – Лукашенко сака поддршка од Путин, но инсистира на тоа дека нема да се одрекне од суверенитетот на неговата земја, додека Путин смета дека Лукашенко е измамник, несигурен партнер, но одлучи – барем засега – да го поддржи.

Нова траса на маршот во Минск: Демонстрантите се упатија кон резиденцијата на Лукашенко (ВИДЕО)

Долгорочно гледано, не е јасно дали планот на Путин вклучува принудување на ослабениот Лукашенко на „мека анексија“ на Белорусија, ниту дали Русија ќе бара контролиран трансфер на власта во блиска иднина.

– Можеби во својата глава има сценарио за транзиција за тоа како Лукашенко би бил веродостојно заменет со некој од неговиот кабинет, некој што би бил доверлив и би можел да постигне договор со Русија – изјави за Гардијан Андреј Кортунов, шеф на Советот за надворешни односи во Москва. 

Само во текот на вчерашниот ден од протестите во Минск уапсени се над 400 демонстранти/ Минск, 13 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Некои европски политичари отворено ја поддржаа белоруската опозиција, но повеќето се помирија со фактот дека Путин ќе има клучна улога во утврдувањето на исходот од сегашната криза.

– Постои 50 проценти шанса Лукашенко да остане (на власт), но дури и ако биде сменет, тоа не мора да значи дека работите ќе се подобрат. Она што не можеме да го очекуваме е дека про-европски или про-западен реформатор ќе ја преземе функцијата. Тоа нема да се случи – рече еден западен дипломат кој работи во Белорусија.

Опозицискиот координативен совет се обиде да остане геополитички неутрален. Советот беше основан од лидерот на опозицијата, Светлана Тихановска, која наводно освои само 10% од гласовите на спорните избори. Но, таа се прогласи за „водач на нацијата“. Тихановска сè уште е во егзил во Украина.

Светлана Тахановска како противкандидат на Лукашенко освои околу 10% од гласовите/ Минск,7 Август 2020/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Белоруските власти започнаа кривична постапка против Советот, чии водачи се или во егзил или во притвор. Марија Колесникова, водачот на протестот и соработник на Тихановска, беше киднапирана на сред улица во Минск на почетокот на неделата. Маскирани киднапери ја одвеле до границата со Украина и депортација избегнала откако го искинала пасошот. Таа во моментот е во притвор во Минск, од каде издаде соопштение во четвртокот, во кое се наведува дека и се заканува затвор од 25 години. Таа исто така изјави дека тие и рекле дека ќе ја напушти земјата „жива или на делови“.

Светлана Тихановскаја и Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Кремљ во вторникот соопшти дека е невозможно да се потврди дали навистина станува збор за киднапирање. Портпаролот Песков истакна дека киднапирањето не е исто што и законскиот притвор.

Единствениот член на седумчлениот Совет кој сè уште е на слобода е авторката и носител на Нобеловата Светлана Алексијевич. Откако пријави дека странци и тропнале на вратата претходно оваа недела, европските дипломати започнаа да бдеат во нејзиниот стан за да покажат солидарност. Таа претходно беше испрашувана од полицијата.

Русија ги отфрли преговорите со Советот и ја зајакна реторичката поддршка за Лукашенко во последните две недели. Путин рече дека подготвил контингент сили да ги испрати во Белорусија доколку ситуацијата излезе од контрола, а Русија, според „Гардијан“, испратила експерти да помогнат во пренесувањето на пораката на Лукашенко на државната телевизија, за жителите да ја слушнат.

Стотици жени од Белорусија учествуваат на женски демонстрации низ Минск, Белорусија, 05 септември 2020 година/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Досега, Лукашенко во неколку наврати тврдеше дека НАТО собира свои трупи на западната граница на земјата и предупреди дека Белорусија е полигон за обука на западните сили чија вистинска цел е Русија.

– Ако мислите дека голема Русија може да се справи со тоа, не сте во право. Разговарав со многу претседатели, со мојот стар пријател – го нарекувам мојот постар брат – Путин и го предупредив. Невозможно е да се запре ова – изјави Лукашенко неделава пред руските новинари.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Ова додворување со Кремљ е пресвртница за Лукашенко, кој две децении ги фрустрираше своите руски партнери, и покрај тоа што беше дел од Алијансата. Сепак, тоа е само на хартија, а Лукашенко со години го одложува спроведувањето на договорот.

Во пресрет на изборите, Лукашенко тврдеше дека Русија, а не Западот, се обидува да го наруши суверенитетот на Белорусија, па дури и уапси 33 руски платеници, тврдејќи дека планирале државен удар.

Уашсени па пуштени руски платеници во Белорусија Фото: Screenshot/YouTube

„Многу белоруски официјални лица отворено ни рекоа дека сè што направиле било да се спротивстават на рускиот обид да ја преземе Белорусија“, изјави западен дипломат за „Гардијан“.

Уапсените оттогаш се ослободени, но Путин тоа тешко ќе го заборави и сигурно не е помалку свесен дека Лукашенко не е доверлив партнер.

Не мора да значи дека (Русите) му веруваат, но тие исто така сакаат да видат заговори околу Русија, мешање на Западот и дури и ако не му веруваат целосно, може да се обидат да го искористат за свои интереси – заклучи Кортунов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот