Тајната на „живиот штит“ на Си Џинпинг – зошто неговите телохранители трчаат покрај автомобилот?
Ова е стандардна тактичка практика кај високо ризични конвои, особено кај лидери чии безбедносни тимови сакаат да го минимизираат времето за реакција и да создадат физичка бариера помеѓу целта и потенцијалниот напаѓач.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг се сретнаа во Бусан, Јужна Кореја и, меѓу другото, се договорија за намалување на американските тарифи, објави Блиц.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сепак, вниманието на јавноста не го привлече само студениот израз на лицето на кинескиот лидер додека Трамп со воодушевување зборуваше по 90-минутниот состанок, туку и она што го забележале фотоапаратите по завршувањето на средбата.
Имено, кога Си Џинпинг ја напушти зградата во која се одржа важниот состанок, беше снимен како седи во автомобил, додека околу возилото трчаат луѓе во одела – двајца од левата и двајца од десната страна.
Станува збор за обезбедувањето на Си, кое претставува „жив штит“ во случај на потенцијална закана. Поточно, телохранителите трчаат покрај автомобилот за да можат:
-
моментално да реагираат и спречат можен напаѓач
-
да го блокираат пристапот до возилото
-
да обезбедат непосредна физичка заштита
-
да овозможат брзо извлекување или преминување во друго блиндирано возило доколку е потребно
Ова е стандардна тактичка практика кај високо ризични конвои, особено кај лидери чии безбедносни тимови сакаат да го минимизираат времето за реакција и да создадат физичка бариера помеѓу целта и потенцијалниот напаѓач.
Оваа пракса е позната и како ВИП конвој (VIP motorcade) – тоа е конвој на возила што го придружува висок функционер или важна личност со цел да се обезбеди нивната безбедност и непречено движење. Во рамки на ВИП конвојот учествуваат:
-
Телохранители кои трчаат покрај или до возилата – создаваат т.н. „жив штит“, можат брзо да реагираат на напад, да го блокираат патот или да помогнат при префрлање во друго возило
-
Специјални возила – блиндирани возила за водење на колоната и заштита на важната личност
-
Помошни возила – полициски возила, возила за итни случаи, возила со комуникациска опрема
Кинескиот претседател не е единствениот кој е заштитен на овој начин, туку тоа го прават и многу други светски лидери и високи функционери, меѓу кои рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
Ким бил инспириран од филм
Ким дури го надминал Си, бидејќи околу неговото возило во слични прилики трчаат повеќе членови на обезбедувањето – дури десетина момци.
Овој протокол кај Ким не е воспоставен само поради заштита, туку и затоа што севернокорејскиот лидер бил инспириран од филм со Клинт Иствуд во главната улога, во кој славниот актер ја толкува улогата на таен агент задолжен за заштита на американскиот претседател.
Затоа и Ким посакал, а потоа и ја остварил својата детска желба, околу неговото блиндирано возило да трчаат телохранители.


