Тахири: Тешко е ЕУ да воведе санкции, а уште потешко е да ги укине

косово
Косово / Фото: Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Членот на Претседателството на Демократскиот сојуз на Косово, Џафер Тахири, вели дека санкциите на ЕУ се неправедни, бидејќи ги засегаат граѓаните кои, како што наведе, масовно не ја поддржуваат актуелната власт, пренесува Фронт онлајн.

„Не сите граѓани се согласуваат со политиката на Албин Курти на конфликт со Западот, но воведувањето санкции е многу сложен процес, а нивното укинување е уште посложено“, рече Тахири.

Според него, укинувањето на санкциите на ЕУ бара посветеност.

„Укинувањето на санкциите бара голема посветеност затоа што меѓународните партнери се сериозни организации, тие се однесуваат сериозно, тешко е да се воведат санкции, но уште потешко е да се укинат. Се чини дека Владата на Косово не разбира колку е важно одговорното однесување на меѓународната сцена, а одговорното однесување значи дека акциите се координирани и синхронизирани“, додаде Тахири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот