Тагува фудбалскиот свет: Почина Герд Милер, легендата на Баерн

Герд Милер беше европски и светски шампион со германската репрезентација/Фото: Принтскрин/Youtube

Почина Герд Милер, легендата на германскиот фудбал. Тоа го објави денеска Баерн Минхен на своите социјални мрежи.

– Денеска целиот свет на Баерн стои во место. Најуспешниот германски клуб и неговата база на навивачи жалат за Герд Милер, кој почина во неделата рано наутро. Имаше 75 години – објави Баерн.

Герд Милер влезе во историјата на германскиот фудбал, постигна неверојатни 566 голови на 607 натпревари ФК Баерн и постави невиден рекорд од 365 голови во Бундеслигата.

– Денеска е тажен ден, црн ден за Баерн и за сите фанови. Герд Милер беше најдобриот напаѓач кој некогаш играл, човек, личност во светскиот фудбал. Без него, Баерн не би бил ваков клуб. Ќе останат неговото име и сеќавање на него засекогаш – рече претседателот на Баерн, Хуберт Хајнер.

Исто така седумпати ја освојуваше титулата најдобар стрелец. За германската репрезентација постигна 68 голови во 62 настапи.

Со репрезентацијата беше светски шампион во 1974 година и европски во 1972 година, а трипати првак на Европа со Баерн.

Нема да се заборави и неговиот победнички гол за Германија во финалето на Мундијалот против Холандија во Минхен (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот