Тага во домот на Горан Алачки: Адријана се прости од својата поранешна свекрва

Фото: Принтскрин - Фејсбук

Познатиот македонски хармоникаш и композитор Горан Алачки се прости од својата мајка.

„Почина мојата мајка Натка Алачка“ – напиша Горан на Фејсбук, известувајќи ги блиските пријатели и роднини за денот и времето на погребот.

Поранешната сопруга на Горан, пејачката и ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки преку својот фејсбук – профил
со емотивна порака се прости од својата поранешна свекрва.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за се! Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“ – напиша Андријана во описот на фотографиите.

Пејачката беше во брак со музичарот Горан Алачки, со кого се разделија во 2011 година. Познатиот пар се родители на ќерката Грациела и синот Благоја, но и баба и дедо на внуката Јана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот