Таа ги родила српските принцови: Која е првата жена на принцот Александар Караѓорѓевиќ? (ВИДЕО)

Profimedia

За бракот на принцот од Југославија, Александар II Караѓорќевиќ со принцезата од Бразил и Португалија, Марија да Глорија малку се зборува, а и на официјалната страна на српската династија, за мајката на принцовите Филип, Петар и Александар малку се открива.

Принцот Чарлс разговара со Принцот од Југославија Александар II Караѓорѓевиќ, Круна на Југославија за време на шестдневната посета на Чарлс на Балканот / 16 март 2016 година / Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Принцезата од Бразил и Португалија, Марија да Глорија, била првата сопруга на српскиот принц престолонаследник Александар Втори Караѓорѓевиќ. Мајка е на принцовите Петар, Филип и Александар.

Фото: Википедија

Родена е на 15 декември 1946 година во Петрополис, Бразил. Припаѓа на шестата генерација директни потомоци на португалските кралеви.

Александар Втори Караѓорѓевиќ и Марија да Глорија се венчале во 1972 година во местото Вилјаманрике де ла Кондеса во Шпанија.

Свадбата на Марија и Александар / Фото: Пинтрест

Од овој брак се родени трите сина на Александар Караѓорѓевиќ – најстариот, принцот Петар, роден е во 1980 година во Чикаго и близнаците принцовите Филип и Александар родени во 1982 година во Вирџинија.

Бракот на Марија и Александар Втори Караѓорѓевиќ е завршен на 19 февруари 1983 година.

Многу набрзо по разводот, принцот Александар Караѓорѓевиќ се запозна со Катарина од грчката кралска династија, во 1984 година во Вашингтон, САД.

Кралскиот пар Александар Караѓорѓевиќ и Катарина присуствуваат на молитва во манастирот Опленац во селото Топола, некогашното седиште на поранешната Југославенска кралска фамилија / 17 октомври 2000 година / Фото: EPA PHOTO EPA/SASA STANKOVIC

Тие се вечнаа на 21. септември 1985 година во Лондон, а кум на на венчавката им беше грчки крал Константин.

Принцот Александар II Караѓорѓевиќ со сопругата Катарина и синот Филип седат на скалите на Српската палата / Белград, 4 мај 2002 година / Фото: EPA PHOTO EPA/SRDJAN SUKI/STF

И Марија де Глорија две години по разводот од Александар се премажи за војводата од Сегорба, Игнасио. Од тој брак Марија стана мајка на уште две ќерки.

Последен пат во српската јавност е видена за време на свадбата на синот Петар, единствениот од останатите браќа кој досега го кажа судбоносното „Да“.

Марија де Глорија со синот Филип, фотографирани за време на неговата венчавка / Фото: Profimedia
Марија де Глорија со синот Филип, неговата сопруга Даница и принцот Александар II фотографирани за време на венчавката на Филип Фото: Profimedia

Погледнете ја ретката снимка од венчавката на Марија да Глорија и српскиот престолонаследник:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот