СЗО: Загадувањето на воздухот во Србија е опасно

Загаден воздух во Скопје
Загаден воздух во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Белград, Марјан Ивануша изјави дека проценките на таа организација од 2016 година укажуваат на околу 6.600 предвремени смртни случаи како резултат на загадувањето на воздухот во Србија и дека ова загадување „може да резултира” со разни сериозни болести и до смртни случаи, јави дописникот на МИА од Белград.

– Нашите секојдневни активности во областа на земјоделството, индустријата, сообраќајот, греењето, влијаат на квалитетот на воздухот, затоа е неопходно да се воведат дополнителни мерки во сите овие области, изјави Ивануша за „Политика”.

Тој кажа дека целта е долгорочно подобрување на квалитетот на воздухот и затоа се потребни координирани интервенции во соодветните сектори, но не само на ниво на носители на одлуки, туку и на целото општество.

Како што додаде, „многу може да се направи на индивидуално ниво, но со поддршка на локалната самоуправа”.

– Кога зборуваме за загадениот воздух, треба да го споменеме и големиот проблем со пушењето цигари во Србија, за кој проценките покажуваат дека годишно се регистрираат речиси 20.000 предвремени смртни случаи, што може да бидат поврзани со пушењето, посочи Ивануша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот