СЗО ја отфрла можноста за повторното заболување на веќе излекувани пациенти

Лого на СЗО / Фото: Архива

– Позитивните тестови кај излекуваните од Ковид-19 повеќе се поврзани со заздравувањето отколку со повторна инфекција, велат до СЗО.

Појавените случаи на болни од Ковид-19 кои биле прогласени за излекувани, а потоа повторно имале позитивен наод, всушност се поврзани со клетките кои останале во белите дробови по излекувањето, информира Светската здравствена организација.

Француските медиуми наведуваат дека тоа, се чини, ја отфрла можноста дека станува збор за повторна инфекција.

Пред неколку недели десетиците случаи со излекуваните јужнокорејски пациенти, кои имале позитивен наод, покренаа серија прашања и станаа причина за вознемиреност. Без да ги споменува јужнокорејските случаи, СЗО соопшти дека е информирана за овие пациенти.

„Во согласност со тоа што го знаеме, а врз основа на најновите податоци, пациентите, се чини, го исфрлаат материјалот што останал во нивните бели дробови, во рамки на нивното заздравување”, забележа СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот