Вакцинација против сезонски грип/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Грипот коси и младо и старо во Србија

Во периодот од 19 до 25 јануари, 9.021 лица во Србија се разболеле од акутни респираторни инфекции со број на нови случаи од 536,5 на 100.000 жители, и 427 (25,4 нови случаи на 100.000 жители) од болести слични на грип, се наведува во извештаите од установите за примарна здравствена заштита, јавуваат српските медиуми.

Меѓу заболените, најголем број се луѓе на возраст од 20-64 години. Највисока инциденца е регистрирана во возрасната група од 0-4 години и 5-19 години, соопшти Градскиот завод за јавно здравје на Белград.

Во периодот 19.01.-25 јануари, на територијата на Белград, во примероци од грло и нос, бил докажан вирусот на свински грип.

Свинскиот грип, особено сојот H1N1 што ја предизвика пандемијата во 2009 година, стана дел од редовниот сезонски грип. Циркулира секоја сезона, а е најчест во текот на зимските месеци кога се јавува заедно со други вируси на грип.

„Најефикасната мерка за превенција од грип е вакцинацијата и се препорачува сите лица кои се изложени на зголемен ризик од развој на компликации да се вакцинираат што е можно поскоро, со што заштитата се создава за 2-3 недели по примањето на вакцината. Вакцината може да се прими во кое било време во текот на сезоната на грип, дури и кога вирусот почнал да се шири во околината“, советуваат лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот