Светски рекорд за Мухамад на СП во Доха

фото: iaaf.org

Далила Мухамад го освои златниот медал на трката на 400 метри со пречки, а притоа го собори и светскиот рекорд. Таа делницата од 400 метри ја истрча во време од 52.16 секунди со што постави нов светски рекорд, а и претхедниот рекорд беше во нејзина сопственост. Во јули годинава, Далила Мухамад истата делница на истрча за 52.20 секунди.

Славјето на Американките го зголеми Сидни Меклахлин која го освои сребрениот медал со време од 52.23 секунди, додека третото место и бронзениот медал и припадна на Рашел Клејтон која до бронзата истрча време од 53.47 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот