Сведоштво на австриски пожарникар: Мештаните ни аплаудираа на улиците

Мартин Рајдер австриски пожарникар кој помогна за гаснењето на пожарите во Пехчево/ Фото: Facebook Martin Reider

Мартин Рајдер, австриски доброволец пожарникар, кој помогна со гасењето на пожарите во Пехчево, на својот Фејсбук профил вчера раскажа за времето кое го поминал во Македонија за време на гаснењето на пожарите. 

„Тие сакаа да именуваат улици во знак на благодарност. Ни аплаудираа кога одевме низ градот. Ни ги исчистија улиците кога ние поминувавме. Ни понудија секаква помош“ напиша Рајдер на Фејсбук. 

Тој вели дека успешно ја завршиле работата за која тие биле таму, а тоа е гаснењето на пожарот, а истовремено ги заштитиле и граѓаните. 

„Им дадовме надеж на луѓето. Се спријателивме со нив“ додаде Рајдер. 

Тој вели дека доцна навечер, нивниот командант ги повикал пожарникарите да заминат за Северна Македонија, бидејќи таму била потребна помош за гаснење на големиот пожар. 

„Патувавме 1,200 километри. 25 часа пат. Два часа откако пристигнавме, речиси воопшто ненаспани, ја започнавме првата операција. Состојбата не беше лесна. Воздухот ни ја отежна работата.  Дадовме се од себе и не изгубивме надеж во ниеден момент.“ вели Рајдер. 

Пожарникарот вели дека огнот бил насекаде. Чадот претставувал голем проблем за очите и за грлото, иако тие имале маски и заштитна опрема за очите.   

„Лидерите на тимовите цело време беа со мирна глава и одлично ги водеа пожарникарите. Иако работите неколку пати се влошија, немаше паника.“ пишува Мартин. 

Пожарите после неколку дена успешно беа изгаснати, а австриските пожарникари се вратија во својата земја. 

„Конечно, после повеќе од една недела од целосна посветеност, радоста кога можев повторно да го држам семејството во раце, е незаменлива“ вели Рајдер. 

Тој вели дека се гордее со работата која ја направија пожарникарите и со начинот на кој се справија македонските власти во справувањето со несреќата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот