Сведок со нови детали за убиството на Флојд: Жртвата делуваше „издрогирано, но можеше да комуницира

Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Кристофер Мартин, касиер од продавницата во која беше Џорџ Флојд пред полицаецот Дерек Шовин да му нанесе смртоносни повреди, денеска на судењето рекол дека настраданиот делувал „издрогирано“, но бил во состојба да комуницира.

Неколку сведоци, меѓу кои и деветгодишно дете, претходните два дена му опишуваа на судијата каков шок било тоа за нив, кога го гледале Флојд како умира под коленото на Шовин.

Поротата денеска ја гледала видео снимката на која расположениот Флојд е во продавницата неколку минути пред да заврши под коленото на полицаецот Шовин.

Инаку, видео снимката од 25 мај 2020 година предизвика масовни протести ширум САД.

Шовин доби отказ од полицијата еден ден откако беше објавена снимката на која се гледа како со колено го притиска вратот на несреќниот Флојд, кој бил врзан со лисици, а осомничениот полицаец пред поротата  и судијата рекол дека не е виновен за убиство, пренесе Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот