Сведок: Пино ја искористувал Ангела за секс

Фото: Слободен печат

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство.

Братучетката на Пино Секондо денеска сведочеше во Кривичниот суд. Таа раскажа за тоа како и кога ја запознала девојката која е второосомничена за неговото убиство, објави А1.он.

– Ангела му беше девојка за задоволување на сексуалните потреби – сведочеше братучетката на Пино, Марија Трпковска.

Тој тоа самиот и го имал кажано, а Марија не ја прифаќала Ангела бидејќи според неа таа не и прилегала на нивната фамилија, односно не се дотерувала и не била средена.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот