Сведок од „Насилство во Центар“: Добив насока да ја читам книгата „Зоки Поки“

Томислав Лазаров, поранешниот советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар денеска во судска сала на рочиштето за случајот „Насилството во Центар” кој за овој случај доби условна казна од шест месеци, во својството на сведок, објаснувајќи за немилите настани кој се случија во оваа скопска локална самоуправа при протестот пред општинскиот објект, изјави дека во еден момент од тогашниот Генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски добил насока да извади книга и да ја чита за да помине време.

– Земи збор и читај книга, читај ја „Зоки Поки“. Се сеќавам на седницата на чиј дневен ред беа поставени четирите, тогаш за нас спорни точки, со кои што тогашното мнозинство во Советот на Општина Центар сакаше да ги стави вон функција, односно да ги поништи ДУП-овите на Центар, рече Лазаров.

Причините за повлекување на точките од дневниот ред се противзаконски, рече Лазаров, против уставни и требаше да бидат поништени.

-Паралелно со нашите како советничка група, јас како претседател на Општинскиот комитет отпочнав и дополнителни активности, односно состаноци со членови на партијата, кои не информираа дека се формирало здружение „Веритас“ кое ќе организира пред се, мирни протести за стопирање на рушењето на црквата „Св. Константин и Елена“. За таа цел неколку пати бевме повикани од тогашниот генерален секретар на партијата и Владата, Кирил Божиновски, а каде беше и целиот градски комитет, односно сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ на територија на Град Скопје. Тогаш сите состаноци беа единствено да се повика членството, односно да се информира дека на тој и тој ден ќе има мирен протест со почеток во 12 часот пред споменикот „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје – изјави тој.

Додаде дека за таа цел неколку пати биле повикувани од екс владиниот генерален секретар Кирил Божиновски. На тие состаноци се дискутирало дека треба да се повика членството.

– Јас давав информации што се случува во салата на Божиновски и Јанакиевски. Некогаш тие бараа, некогаш јас самоиницијативно. Целосно беа во тек што се случува внатре. Никој од другите 11 советници немаше директна комуникација со нив двајца или било кој висок партиски функционер. Протестантите беа дојдени до прозорците, ја бутнаа оградата. Сите беа доведени во опасност, а претседателот на совет даваше паузи за масата надвор да биде отстранета од близина на салата или пак смирена. Тоа не се случи, туку напротив тензиите растеа, а во опасност беа сите присутни во салата. Им кажав на Јанакиевски и Божиновски дека претседателот нема намера да ги отстрани точките од дневен ред – рече сведокот.

Тогаш Божиновски му дал насока да извади книга и да ја чита за да помине долго време од седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот