Супермоделот Ешли Грем дизајнираше венчаници за полнички невести

Фото Фејсбук

Доколку не можете да си набавите „плус сајз“ венчаница од „Проновиас“, дизајнирана од Ешли Грем, еве ви можност да се инспирирате од моделите.

Шопингот на венчаници може да биде многу напорен, особено ако имате повеќе килограми на себе и раскошни женски облини. Земајќи го ова предвид, „плус сајз“ моделот Ешли Грем ги здружи силите со шпанската популарна марка за венчаници „Проновиас“ и дизајнираше венчаници за полнички невести.

Невестинската колекција содржи 16 модели на венчаници за секој тип на тело. Дел од колекцијата веќе може да се види на Инстаграм профилот на „Проновиас“.

Од класични силуети до сирена и гламурни кроеви, вклучувајќи ја и тантелата како неизбежен детал, секоја полничка невеста може за себе да си ја одбере венчаницата од соништата за на големиот ден да изгледа како принцеза. И што е подеднакво важно, секоја венчаница има вграден градник.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба во март.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот