Суперлига: Вардар броеше до 40 пред дуелот со Мешков Брест

„Црвено-црните“ без проблеми со 40:26 го совладаа Радовиш/СЦ „Јане Сандански, Скопје/фото: РК Вардар / Denis Dukovski

Се комплетираше второто коло во македонската Суперлига денеска во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје составот на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Радовиш со 40:26.

Моментно на табелата во шампионатот првата позиција ја делат четири екипи со по шест бодови, Вардар 1961, Е. Пелистер, Т. Пролет и Охрид.

Најефикасни во победничките редови беа Ќосевски со шест голови, а по пет Јагуриновски, Валчак и Чувара.

На спротивната страна по пет погодоци имаа Постолов и Ристов.

Ова беше добар „тренинг“ за играчите на Веселин Вујовиќ кои се подготвуваат за својот втор натпревар сезонава во Лигата на шампионите, дома на 22 септември се домаќини на белорускиот Мешков Брест (20.45 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот