Сунак бара начин како да им го олесни влезот на Британците во земјите од ЕУ

Риши Сунак и Урсула фон дер Лајен/ Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia

Британскиот премиер Риши Сунак сака да склучи договор со Европската унија за да им го олесни патувањето на граѓаните во Унијата, објави „Блумберг“, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Сунак се надева дека ќе може да постигне договор по подобрените односи со ЕУ за да им овозможи на Британците полесно да влезат во ЕУ, се вели во извештајот.

Прашањето сè уште не е официјално отворено, но дипломатите неформално го покренуваат, објави „Блумберг“, повикувајќи се на британски функционер.

Во февруари, Британија постигна договор со Европската унија за трговски аранжмани за Северна Ирска, која е предмет на правилата на ЕУ по Брегзит поради нејзината отворена граница со Ирска.

Според плановите на ЕУ што треба да се спроведат во 2024 година, државјаните на Британија и другите таканаречени државјани на „трети земји“ би можеле да ги земат биометриските податоци за да добијат ослободување од виза, но британската влада е загрижена дека нема да ги намали редиците на границите и бара целосен пристап до е-вратите на Унијата.

Пред неколку дена беше објавено дека еден од најпознатите возови во светот по 41 година го откажал патувањето од Лондон, бидејќи операторот на модерниот Ориент експрес решил да го откаже британскиот дел од рутата поради Брегзит.

Луксузниот воз патувал низ Британија меѓу Лондон и Довер, а потоа патниците се префрлиле во автобуси и со траект преку каналот Ла Манш се превезувале до Кале во Франција, каде што патувањето продолжило до Париз и до Истанбул.

Патувањето низ Велика Британија траело околу три часа, но поради се подолгите чекања на границата, операторот го откажал тој дел од линијата за да ја одржи точноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот