Сугарески: Ќе спроведам „Проект 72″ – платформа за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа

Горан Сугарески/ Фото: МИА

Ќе спроведеме „Проект 72″ – платформа за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа. Ова е еден од клучните проекти во мојата програма кога е во прашање непосредната комуникација на граѓаните со општината и со нејзините служби, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Горан Сугарески.

– Со овој проект на повисоко ниво го подигнуваме функционирањето на Општината, кога е во прашање нејзината ефикасност во постапувањето по барањата на граѓаните. Станува збор за дигитална апликација која ќе се состои од платформа, раководена од еден административен оддел во општината кој ќе врши распределба на бараните услуги до градоначалникот, советниците и до општинската администрација. Апликацијата ќе содржи услуги кои ќе овозможат контакт на релацијата градоначалник- граѓанин, советник- граѓанин, како и надградување на постојната апликација „Пријави проблем” со дополнителна алатка „Моето маало, моето село”. Со тоа се обезбедуваат подобар квалитет и контрола на општинските услуги спрема граѓаните, што би резултирало со решавање на проблемите. Она што посебно треба да се потенцира, е дека сите услуги понудени на оваа платформа се решаваат за период од 72 часа, објаснува Сугарески.

Сугарески најави и воведување на проектот „Службеник за тебе”.

– Тоа подразбира секојдневно присуство на терен на вработени од општината и од јавните претпријатија, меѓу граѓаните во урбаните заедници на вработени од општината и од јавните претпријатија. Така, на самото место, во директната комуникација се бележат проблемите и во рок од 72 часа, барањата и идеите на граѓаните, рече Сугарески.

Сугарески најавува и трет значаен проект – „Социјална мобилност”, односно ангажирање службени лица кои помагаат во набавка и достава на намирници и лекови на стари и изнемоштени лица до нивните домови.

– Меѓусебната доверба на Општината и граѓаните ќе ја градиме и преку организирање назни други форми на директна комуникација со поединци и со целни групи,.Моја лична заложба е, како градоначалник на сите граѓани, заедно со избраните членови на општинскиот совет, да бидеме достапни и ефикасни во решавањето на проблемите и потребите на локалната заедница, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Горан Сугарески.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот