Судот ѝ се спротивстави на гувернерката на Њујорк: Укината одлуката за задолжително носење маски
Судијата на Врховниот суд на државата Њујорк, Томас Радемејкер, денеска ја укина одлуката за задолжително носење маски и рече дека гувернерот на таа држава ги пречекорил овластувањата во наметнувањето на правилата што требаше да ги донесе законодавното тело.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Гувернерката на Њујорк Кејти Хочул реагираше на одлуката на судот и рече дека ќе ја искористи секоја опција што ја има за одлуката на судот веднаш да се укине, пренесува Ројтерс.
„Ние силно се спротивставуваме на оваа пресуда и ќе ја искористиме секоја опција за веднаш да ја поништиме“, рече таа во изјавата.
– Моја одговорност како гувернер е да ги заштитам жителите на Њујорк за време на оваа јавно здравствена криза, а овие мерки помагаат да се спречи ширењето на Ковид-19 и да се спасат животи – додаде Хочул.
Радемејкер изјави дека неговата пресуда во никој случај не има за цел да ја доведе во прашање ефикасноста и потребата од носење маска како средство за борба против коронавирусот, туку дека „усвојувањето на какви било закони за таа цел му е доверено исклучиво на државното законодавство“.
Гувернерката Хочул прогласи вонредна состојба веднаш откако Светската здравствена организација на 26 ноември објави дека омикронот е причина за загриженост.
Во тоа време, седумдневниот просек на нови дневни случаи во државата Њујорк беше околу 6.400, а тој број рапидно растеше додека не го достигна врвот на 73.815 случаи на коронавирус на 10 јануари.


