Судот во Хаг издаде нов налог за апсење на Путин
Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде нов налог за апсење на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин поради обвиненија за воени злосторства во Украина, пишува „Ројтерс“.
Препорачано
Налог за апсење е издаден и за уште пет лица покрај рускиот претседател.
Заменичката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Наџат Шамим Кан, изјави денеска дека истрагата за воени злосторства не може и не смее да биде запрена, и покрај мировните преговори за завршување на војната во Украина кои во последно време се интензивираа.
Според неа, истрагата би можела евентуално да биде одложена.
„Ако имаме истрага, тогаш ќе се придржуваме до сопствениот регулаторен рамки. Мора да постои можност за одговорност за да биде мирот траен и одржлив. Советот за безбедност на Обединетите нации може од судот да побара да го одложи случајот таму каде што смета дека постои простор за мировен договор. Тоа, сепак, би било само привремено запирање на истрагата“, објасни таа.
Да потсетиме, на 17 март 2023 година Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин поради обвиненија дека незаконски депортирал украински деца и дека незаконски префрлал луѓе од Украина во Руската Федерација.
Тогаш Москва експресно реагираше и наведе дека не го признава тој суд и дека, самото тоа, одлуките на тој суд за нив се ништовни.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг официјално е признаен од 123 земји кои го ратификувале Римскиот статут на МКС (International Criminal Court).
Сите земји кои го признале овој суд би имале законска обврска да го спроведат налогот за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин доколку тој се појави на нивна територија.


