Килијан Мбапе/Реал Мадрид

Судот одлучи: Мбапе победи во правната битка, ПСЖ мора да му исплати богатство

Францускиот суд донесе конечна одлука според која актуелниот европски шампион ПСЖ е должен на својот поранешен напаѓач Килијан Мбапе да му исплати 60 милиони евра.

„Ова е победа“, изјави Фредерик Касеро, една од адвокатките на Килијан Мбапе. Судот воедно наложи и привремено извршување на пресудата, што значи дека ПСЖ мора веднаш да го подмири наведениот износ по приемот на одлуката.

„Оваа пресуда потврдува дека преземените обврски мора да се почитуваат. Таа воспоставува една едноставна вистина: дури и во индустријата на професионалниот фудбал, работното право важи за сите“, се наведува во соопштението испратено од адвокатите на фудбалерот.

 

„Господинот Мбапе од своја страна педантно ги исполнуваше своите спортски и договорени обврски седум години, сè до последниот ден. Тој направи сè за да избегне судски спор, дури и ја повлече тужбата за вознемирување со цел да се смири ситуацијата. Вкупно, повеќе од 18 месеци бараше исплата на своите плати и бонуси.“

 

„Оваа одлука претставува важен чекор, кој оди подалеку од неговиот личен случај, за сите играчи и вработени во секторот. Станува збор за победа на правото и почитувањето на обврските, а не за судир на личности“, заклучуваат адвокатите.

Да потсетиме, правниот тим на напаѓачот на Реал Мадрид првично побара дури 263 милиони евра, меѓу другото и преку барање за преквалификација на неговиот договор од договор на определено во договор на неопределено време. За да стигнат до таа сума, адвокатите на Мбапе се повикуваа на незаконски отказ (44,6 милиони евра), морално вознемирување и прикриен работен однос (двапати по 37,5 милиони евра), како и на нелојално извршување на договорот за работа (19 милиони евра).

Во сржта на спорот, сепак, беа неисплатените плати и бонуси во вкупен износ од 55 милиони евра, кои ѕвездата на Реал ги бараше по заминувањето од Париз во летото 2024 година. Откако не успеа да ги наплати преку спортските тела, Мбапе правдата ја побара пред работниот суд.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот