Судот ја отфрли спогодбата за жртвите на силувачот Харви Вајнстајн
„Идејата Харви Вајнстајн да добие пари за одбрана пред оние кои го тужат е луда“, рече судијата на рочиштето.
Окружниот суд на Менхетн ја отфрли предложената спогодба од 18,9 милиони долари во граѓанската парница за жените кои тврдат дека холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн, провостепено осуден на 23 години затвор, сексуално ги искористувал и малтретирал на работното место.
Износот на спогодбата е резултат на два граѓански спорови, едниот во 2018 година го покрена државниот обвинител против Харви Вајнстајн, неговит брат Боб и нивната филмска компанија Вајнстајн Компани, и другиот кој го покренаа група жени во 2017 година поради сексуално насилство на некогашниот филмски могул.
Таа спогодба денеска требаше да ја одобри судот по што требаше да се основа фонд од кој би се исплатиле жените кои го тужеа Вајнстајн поради претрпеното секусуално насилство.
Судијата Алвин Хелерстајн, меѓутоа смета дека таа прелиминарна спогодба е нечесна кон жените кои Вајнстајн или ги силувал или сексуално ги искористувал, а исто така како неприфатлив го оцени планот кој во таа спогодба предвидува и пари од фондот Вајнстајн и управата на неговото поранешно студио да можат да ги користат за плаќање на трошоците на одбраната.
„Идејата Харви Вајнстајн да добие пари за одбрана пред оние кои го тужат е луда“, рече судијата на рочиштето.
Спогодбата наиде на осуда на жените кои тврдат дека според тој предлог жртвите на Вајнстајн би биле обесштетени само со по 10.000 до 20.000 долари, додека 15,2 милиони долари би биле наменети за трошоците за одбраната.
Даглас Видгор, адвокат кој застапува шест жени кои не ја прифаќаат спогодбата, рече дека е задоволен што судијата „брзо ја отфрлил таквата еднострана спогодба“.
Вајнстајн (68) вложи жалба на пресудата од февруари со која е осуден ан 23 години затвор за кривични дела со кои се товари – сексуален напад врз својата асистентка и силување на актерка. На судот во Лос АНџелес против него се покренати одвоени тужби за силување и сексуално злоставување.