Судот и го одзема пасошот на Лидија Димова

Судот одлучи на поранешната директорка на агенцијата за европски програми, Лидија Димова и на Александар Гочев да им определи мерки – Одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, обврска за повремено јавување во судот и забрана за вршење на одредени работни дејствија.

Судот претходно одлучи да му биде одземен пасошот и на Зоран Златковски, сопственик на фризерницата В.Е.З. Трејд, фирма која од Националната агенција добила 270 илјади евра.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори случај по претходна кривична пријава од Финансиската полиција. Во неа се сомничат четири лица, односно, Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и благајничката Ана Павлиду.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, а кривичната пријава им ја поднесе финансиската полиција. Според пријавата тие предизвикале штета од над 400.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот