Судот го спои обвинението за газдата на „Рубикон“, Александар Нацев, со главниот предмет за „Пулс“
Судечкиот совет донесе решение да го спои обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“, со обвинението за вистинскиот сопственик на „Рубикон“, Александар Нацев кој дојде во судница. Судот го спои обвинението против него со главниот предмет па бројот на обвинети е 35 физички и три фирми, меѓу кои е и „Рубикон“.
Препорачано
Судијката Диана Груевска-Илиевска, која ќе претседава со Судечкиот совет, ќе ја има една од најтешките задачи – да ја увери јавноста дека судењето кое, во секој случај, ќе биде траорно, мачно и долго, ќе биде правично и транспарентно. Судот ќе биде прв на тест на јавноста дали ќе ја премине линијата меѓу утврдување на вистинската одговорност наспроти „жедта за крв“, односно дали ќе донесе аргументирана судска одлука што ќе одговори на очекувањата и на јавноста и на правната фела.
На почетокот на денешното рочиште Груевска-Илиевска рече дека никој не знае колку ќе трае овој процес, може пет месеци, може пет години.
– Ќе направиме сè судењето да тече непречено, не можеме да ви гарантираме брзина бидејќи секоја брзина може да значи грешка – рече судијката.
Никој не знае колку ќе трае овој процес – ќе направиме сè да тече непречено, рече судијката Илиевска


