Судот ѝ го врати синот на Северина: „Нема да запрам тука, ќе барам целосно старателство“

Фото: Инстаграм/Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот Александар, потврди тимот на пејачката за хрватски „Индекс“.

Откако Врховниот суд пред еден месец ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и му го врати целосното старателство на таткото на момчето, дојде до пресврт во случајот Вучковиќ – Поповиќ.

Жупанискиот суд во Сплит сега ја повтори претходната конечна одлука, според која таткото и мајката се обврзани „договорно, заеднички и рамноправно да ја вршат родителската грижа“.

„Судот ја потврди својата претходна одлука, односно ја донесе истата одлука како и првиот пат. Кога Врховниот суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд, ја врати на одлучување на Жупанискиот суд, каде повторно беше одлучено детето ќе живее со секој од родителите по 14 дена.

Како што рече Северина и првиот пат, оваа одлука е секако подобра од првостепената, но сепак веруваме дека не е во интерес на детето да живее 14 дена со мајката и 14 дена со таткото. Постапката за родителска грижа меѓу Северина и Милан Поповиќ сѐ уште трае“, изјави адвокатката на Северина, Јасминка Билош.

Според адвокатката, Северина има желба да има целосно старателство над детето.

„Ако ви кажам дека Северина не е задоволна и дека веруваме дека не е во интерес на детето да живее половина месец со мајката, а половина со таткото, тоа значи дека Северина сака детето да живее со неа. Сега не можам да зборувам за натамошниот тек на постапката“, вели тој.

Во изјава за истиот медиум, пејачката рече дека не очекувала дека судот толку бргу ќе ја донесе оваа нова одлука.

„Не очекував дека Жупанискиот суд во Сплит толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно на моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција.

Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, која е пола-пола. Добро е што се вратија на тоа, сѐ е подобро од двапати неделно по четири часа, но нема да застанам тука.

Ќе одам до крај, ќе барам целосно старателство и, секако, ќе продолжам да се борам за сите жени, односно нивните деца со кои системот се плетка, жртви на системот и институциите, ‘моќни и немоќни жени’“, изјави Северина по новата пресуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот