Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Судан, употребени солзавец и шок бомби

Суданските безбедносни сили денеска употребија шок-бомби и солзавец по инцидентите што избија на протестите во Картум. Полицијата го блокираше патот на демонстрантите со оклопни камиони, а потоа испука шок-бомби и солзавец.

Демонстрантите, кои бараат цивилно владеење и судење за смртта на демонстрантите за време на претходните протести, се собраа денеска во најголем број во последните неколку месеци, протестирајќи на околу 1,5 километар од претседателската палата.

Пред протестите, безбедносните сили ги затворија патиштата што водат до Министерството за одбрана и затворија неколку мостови што го поврзуваат Картум со соседните градови Омдурман и Бахри, каде што, исто така, се одржаа демонстрации.

Од октомври 2021 година, кога воените лидери ја сменија цивилната влада, безбедносните сили убиле повеќе од 120 цивили во антивоените протести.

Протестите во главниот град доаѓаат две недели откако воените водачи кои извршија државен удар минатата година потпишаа рамковен договор со политичките партии за рестартирање на транзицијата кон демократски избори, со меѓународна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот