Судењето за „Топлик” одложено за 16 февруари

Денешната пресуда е петта по ред која ја изрекува Основниот кривичен суд Скопје во случај во кој обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиески.

Судењето за „Топлик” се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19.

На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови.

Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со КОВИД-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев”.

Во случајот „Топлик” првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот