Алекс Џоунс на сослушувања/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Суд во Тексас пресуди Алекс Џоунс да плати 50 милиони долари оштета за клевета

Суд во Тексас му изрече казна во висина од 45 милиони долари на Алекс Џоунс, основач на веб-сајтот „Инфоварс”. Парите се оштета за родителите на жртвите од масакрот во училиштато Сенди хук кои го тужеа Џоунс за клевета. 

„Инфоворс” e еден од главните мегафони во САД за ширење теории на заговор и дезинформации, како за национални трагедии, така и за Ковид-19 или за изборите. Својата радио програма и веб содржини Џоунс ги емитуваше на огромна публика во САД.  

Веднаш по оружениот напад во основното училиште Сенди хук во 2012 година, кога загинаа 26 лица, вклучувајќи 20 деца на шест и седумгодишна возраст, Џоунс известуваше дека „никој не умрел”, и дека нападот бил исцениран од активистите за контрола на оружјето во САД за да се создаде расположние за отстранување на оружјето. 

Нил Хеслин и Скарлет Луис, родители на шестгодишната жртва Џеси Луис, дадоа искази дека добивале постојани закани по емисиите на Џоунс  а поврзано со Сенди хук. 

Одлуката на судот синоќа дојде по судската одлука завчера кога истата порота пресуди оштета во полза на тужителите во висина од 4.1 милион долари. Со тоа, вкупната сума што Џоунс треба да ја отплати на родителите е во висина од 50 милиони долари.  

Во тужбата тие бараа  оштета од 150 милиони долари. 

Адвокатите на родителите побараа од судот да ја заврши „златната треска од страв и дезинформација ” на Џоунс. 

Весникот „Тексас трибјун” истакна дека медиумската империја на Џоунс се урива откако неколку компании веќе отишле во банкрот, 

Независен економски проценител кој сведочеше на судењето укажа дека од 2015 и 2018 година Џоунс од својата компанија „Фри спич системс” заработил 18 милиони доларии дека добил исплати од 62 милиони во 2021, а поврзано со друга тужба за клевета околу Седни хук. 

Неговото вкупно богатство е проценето меѓу 135 и 270 милиони долари, вклучувајќи ја и неговата компанија „Фри спич системс”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот