Студија: Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западен Балкан и идентификување начини за борба со нив“

Во Студијата на ЕП „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“, објавен е дел посветен на состојбата во Северна Македонија кој го пренесуваме во целост:

Општествено-политичките околности во Северна Македонија обезбедуваат плодотворно тло за дезинформации. Кампањите за дезинформации каталогизирани во оваа студија имаа за цел, во приближно еднаква мерка, да ги влошат внатрешните конфликти (особено помеѓу етнички Македонци и етнички албански заедници), а предизвикуваа и штета врз меѓународните односи на Северна Македонија со Бугарија, Грција и ЕУ пошироко), а ги нарушуваа или се уште ги нарушуваат и критичните изборни процеси – главно, референдумот во септември 2018 година за усвојување на името на Северна Македонија, што имаше последици за понатамошна евроинтеграција на земјата.

Необично широка пропорција на кампањи за дезинформации се посветени на меѓународните прашања на Северна Македонија, посебно поради тоа што многу од клучните прашања на политичката агенда на Северна Македонија – промената на името и влегувањето во НАТО, посебно – имаа чист геополитички контекст, и делумно бидејќи поделбата на земјата вклучува прекугранични заедници и дијаспора. За разлика од други места ( Црна Гора, на пример), сепак, поддршка за членство во НАТО на Северна Македонија вклучува 79 проценти (заклучно со март 2020 година) и со тоа ги надминува етничките поделби. Како резултат на тоа, НАТО не е лесна цел, ако целта е да се влошат односите и да се манипулира со поделбите. Наместо тоа, кампањите за дезинформации во Северна Македонија кои вклучуваат надворешни односи се фокусираат претежно на прашањата на идентитетот – без разлика дали е тоа промена на името или меѓуетнички односи – наместо за прашања на интеграција или геополитичка верност.

За разлика од повеќето земји во регионот, каде пејзажите на медиумите се релативно стабилни веќе една деценија или повеќе, Северна Македонија забележа две значајни поместувања во структурата на своите медиумски системи, од кои и двата имаа последици за производство и ширење на дезинформации.

Прво, за време на владеењето на Внатрешната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) од 2006 до 2017 година, а особено во последните години, мејнстрим медиумите беа под силна контрола на партијата и беа вклучени во скоро сите активности за дезинформација на партијата. Овие, првенствено, имаа за цел да ги дискредитираат политичките противници и да промовираат националистички – и често антизападни – ставови.

По промената на владата, клучните ТВ станици ги сменија своите уреднички политики, а известувањето стана порамномерено и попрофесионално. Некои од овие некогаш истакнати извори на дезинформации и антикампањи продолжија да бидат активни, но главно без пристап до мејнстрим медиумите.

Наместо тоа, тие сега се маргинализирани и можат да се најдат само на избрани локални ТВ-места, или на нивните сопствени канали на YouTube, каде што нивната комуникација е релативно пониска.

Второ, во изминатите неколку години се забележува растечка инвестициска активност од Унгарија на македонскиот медиумски пазар. Унгарските државјани поврзани со провладиниот медиумски пазар на Унгарија купија неколку македонски медиуми претходно во сопственост на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ (како што се ТВ Алфа и интернет порталите Курир и Република), кои претходно беа меѓу примарните извори на пропаганда. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, овие медиуми беа вклучени во бројни дезинформациони кампањи, не само за дискредитација на владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), туку и за поткопување на Договорот од Преспа со Грција и другите евро-атлантски напорите на земјата.

Македонските истражувачки новинари открија дека повеќе од 3,2 милиони евра биле инјектирани во медиумскиот секторот на Северна Македонија преку неколку прикриени трансакции за маркетинг услуги. Парите најмногу биле префрлени од словенечки фирми во сопственост на истиот унгарски државјанин Петер Шац, кој е сопственик на две медиумски компании во Северна Македонија кои ги добиле парите за измислени реклами на маслиново масло и магнети за ладилници. Овие трансакции сега се под истрага на македонските и словенечките власти.

Во изминатите неколку години се забележува растечка инвестициска активност од Унгарија во македонските медиуми, се вели во извештајот.

Инвеститорите кои вложуваат во македонските медиуми се доведуваат во тесна врска со приврзаници на премиерот Виктор Орбан чија цел е проширување на неговото медиумско влијание надвор од Унгарија во други земји во кои може да одекнат неговите евро-скептични вредности на „Нелибералната демократија“

Тие купија неколку Македонски медиуми кои претходно биле во сопственост на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ (како што се ТВ Алфа и интернет портали Курир и Република).

Овие медиуми претходно беа меѓу примарните извори на пропаганда на владата. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, овие медиуми беа вклучени во бројни кампањи за ширење дезинформации.

Не само што нивната цел беше дискредитација на Владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), туку на врвот на нивната агенда целта беше да го поткопаат Преспанскиот договор со Грција и другите Евро-атлантски напори на земјата.

Во извештајот се вели дека од Унгарија биле инјектирани над 3,2 милиони евра во медиумскиот сектор на Северна Македонија преку неколку сомнителни трансакции за маркетинг услуги.

Парите беа претежно пренесувани од словенечки фирми во сопственост на унгарскиот државјанин Петер Шац, кој е воедно и сопственикот две медиумски куќи во Северна Македонија. Милионските суми легнале на сметките на медиумите по основ на измислени реклами за маслиново масло и магнети за фрижидер.

Словенечките и надлежните органи во Северна Македонија сè уште ги истражуваат овие сомнителни трансакции.

Се тврди дека овие инвестиции се дел од проектот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за проширување на неговото медиумско влијание надвор од Унгарија во други земји во кои неговите евро-скептични вредности на „нелибералната демократија“ може да одекнуваат. Се тврди дека овој проект не ја вклучува само Македонија, туку и Словенија, па дури и Велика Британија, каде Орбан има интерес да ја прошири својата нелиберална идеологија. Исто така е важно да се забележи тесната врска помеѓу Орбан и Груевски (поранешен премиер на Северна Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ), на кого контроверзно му беше даден азил во Унгарија за да избегне затворска казна во Северна Македонија.

Гледајќи го медиумскиот „пејсаж“, вклучувајќи ги и медиумите на албански јазик, истакнатите кампањи на дезинформации вклучуваат:

– Неколку испреплетени кампањи кои ја поткопуваат поддршката за референдумот за промената на името. Кои биле „туркани“од различни насоки, најистакнати од Унгарија и, во нешто помала мера, од Спутник. Тие се фокусираат на поларизирачките наративи што вклучуваат замислени закани по македонскиот идентитет;

  • Низ кампањите за дезинформации се мешаат антибугарски, антигрчки и антиалбански сентименти сеејќи страв дека македонската младина ќе стане „материјал“ што треба да се потроши во војните во НАТО и обвинувања дека НАТО ќе го присили развој на 5G технологија со штетни ефекти врз здравјето и јавната безбедност;
  • Назначувањето на Талат Џафери, етнички Албанец со македонско потекло, за претседател на парламентот на почетокот на 2017 година и донесување на законска регулатива со проширување на употребата на албанскиот како официјален јазик, кај руските и унгарските медиуми предизвикаа страв од „Голема Албанија“.
  • Обвинувања за употреба на Ковид-19 како оружје од соседните земји, вклучително и Албанија и Грција.

Кампањите со дезинформации во Македонија се шират на социјалните медиуми – најчесто на Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер – но критички се потпираат на традиционалните медиуми, особено заедницата и локалните медиуми, весниците и телевизиите. Меѓутоа, мејнстрим медиумите веќе не се истакнуваат како најголемите дезинформатори, според податоците анализирани за оваа студија. Исклучок е ТВ21, што е генерално препознатлива како висококвалитетна телевизиска станица, но учествувала во ширењето на дезинформации поврзани со ковид. Други големи канали за дезинформацииа, откриени во оваа анализа на социјалните медиуми, ги вклучуваат веб-страница Инфомакс.мк, социјалните мрежи поврзани со кампањата за бојкот на референдумот и профилите на социјалните медиуми на истакнати поединци, вклучувајќи го и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, новинарот Миленко Неделковски и поранешниот премиер Никола Груевски.

Меѓу широко дистрибуираните „приказни“ беше теоријата дека хидроксихлорокининот може да излекува ковид-19 (најистакнато поврзано со Доналд Трамп) и наводно злобните планови на Бил Гејтс да го вакцинира населението ширум светот (промовиран од ТВ21 и News24, соодветно, но и едните и другите потекнуваат од Албанија), како и повикот на Неделковски да го гони Гејтс за злосторства против човештвото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот