Струшка музичка есен: Музиката во/низ просторот и времето

Музичката научна конференција „Струшка музичка есен“, која се реализира од 1975 година, во своето 44-издание се одржува од 25 до 27 септември во хотелот „Дрим“ во Струга. Темата „Музиката во/низ просторот и времето“ создава можност за дијалог со музичкото творештво создавано во поблиското и подалечното минато, а потрагата на музиколозите по музичкото творештво од минатото може да прерасне во продолжителна нишка и инспирација на музичките творци од генерациите што следат.

– Овој широк дијапазон на процеси во развојот на музичката уметност од разни временски периоди зафаќаат и актуелни прашања од музичкото современие, како што се: формите на музичкото образование, влијанието на одредени школи, правци и тенденции во музичкото творештво, корелацијата со другите уметности, квалитетот на музичките содржини и стилските карактеристики на нивните изведби и др. Начините на чување на музичките оставини на композиторите, формите и методите за реконструкција на творештвото на музичките уметници, заштитата на музичкото културно наследство се, исто така, дел од овој развоен процес на музичката уметност – посочуваат организаторите на конференцијата.

Во рамки на конференцијата ќе бидат одбележани јубилеите на македонските творци Властимир Николовски (95 години од раѓање), Томислав Зографски (20 години од смртта) и Томе Манчев (70 години од раѓање). Конференцијата е структуирана во сесии со физичко присуство и електронски сесии преку платформата „Зум“. Во организација на СОКОМ селекторка на СМЕ 2020 е д-р Мирјана Павловска-Шулајковска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 50, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот