Струјата поскапува за 7,4 отсто

струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електроенергетски компании поради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот ковид-19. ЕСМ има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување на приходите од 11 милиони евра.

– РКЕ ја одобрува крајната цена на електричната енергија, во која се пресметани и трошоците на МЕПСО за пренос на електрична енергија, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, како и трошокот за набавена електрична енергија. Со сите овие елементи, просечната крајна цена за досегашна сметка од 1.500 денари ќе има  зголемување од околу 100 денари – објасни Бислимоски.

Според јавно достапните податоци, цената за ЕВН Хоме се определува на просечен износ од 4,92 денари за еден киловат-час електрична енергија. Високата тарифа т.е. „скапата струја“ во иднина ќе чини 5,95 денари за еден киловат-час и тоа е поскапо за 7,4 отсто од досегашната цена која изнесува 5,54 денари за киловат-час. „Евтината струја“ односно ниската тарифа по ново ќе изнесува 2,99 денари и тоа е покачување за 7,5 отсто во однос на тоа што досега го плаќаа граѓаните кога користеа евтина струја, која чинеше 2,78 денари за еден киловат-час. Одлуката за цената за струјата требаше да биде донесена на крајот на јуни и да важи од 1 август, но поради предвремените парламентарни избори беше одложена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот