Бесмир Бојку/фото: F.C. Struga

Струга Трим Лум атакува на третата победа во низа во шампионатот

Фудбалерите на Струга Трим Лум со две победи ја почнаа сезоната, а сакаат да продолжи во ист ритам и против Работнички пред своите гледачи, на отворањето на третото коло од Прва македонска лига. Нов тренер, нова мотивација во струшкиот тим, нова свежина и тоа засега носи резултат.

Стружани имаат неколку нови имиња во тимот, но засега е тоа добро вклопено.

Фудбалерот за врска Бесмир Бојку со максимален респект зборува за ривалот Работнички, но исто така се надева дека Струга ТЛ ќе ја продолжи победничката низа:

– Би било убаво да имаме „три од три“ после Работнички. По двете победи, атмосферата во тимот е одлична, работевме напорно изминативе неколку дена и го анализиравме Работнички. Не треба да се залажуваме, тие се одличен тим, со неколку навистина квалитетни индивидуалци, но и ние имаме верба во својот тим и посакуваме да ги освоиме трите бода. Ќе биде тежок натпревар, ќе дадеме се од себе и се надеваме дека со помошта од публиката ќе успееме да стигне до посакуваниот резултат – вели играчот на Струга Бојку.

Струга Трим Лум и Работнички ќе го отворат третото коло во Првата МФЛ со натпреварот в петок, со почеток од 17:00 часот на Градскиот стадион во Струга.

ПМФЛ: Работнички оди на „поправен испит“ во Струга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот