Строга тајна е што е откриенo во телефонот на Јанева

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет”, потврдија за МИА од Обвинителството.

Официјални детали од тоа што покажало вештачењето, како што велат од Обвинителството, не можат да соопштат во интерес на истрагата.

Вештачењето на телефонот на Јанева беше со цел да се види нејзината комуникација со осомничените во „Рекет”.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска викендов во ТВ интервју рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот Бојан Јовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител.

Катица Јанева даде оставка на функцијата минатиот понеделник, од кога не е достапна за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот