Фото: Принтскрин

Страв, вресоци и студ во автобусот што заврши во бездна кај Сремска Митровица – сопруг на повредена жена го опиша пеколот

Во тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи кај Сремска Митровица загинаа тројца луѓе, а повеќе од 80 се повредени. За „Блиц“ се огласи Миљан, сопруг на една од повредените жени од превртениот автобус.

„Мојата жена е тешко повредена. Повреден ѝ е колкот, не ја чувствува ниту раката ниту ногата. До неа седеше девојче од 19 години, врескаше и сè уште не знаеме во каква состојба е. Сопругата ми вели дека е тешко повредена. Многу долго постои проблем со овој превозник. Сите жени носат ќебиња и шалови за да се покријат бидејќи греењето не работи. Овде седеле 20 луѓе и сите зборувале дека со месеци се жалат на превозот. Кого јас сега да обвинувам, само да преживеат па ќе видиме што ќе правиме. Но фактот е дека овде е виновен директорот на претпријатието кое имало низа пропусти во работата“, раскажа тој.

Српското МВР соопшти дека се утврдени повеќе од 60 неправилности во работењето на овој автопревозник. Уапсен е возачот на автобусот.

Да потсетиме, на патот Сремска Митровица – Јарак денеска околу 14:45 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа тројца луѓе, а повеќе од 80 се повредени. Засега не е позната причината за несреќата, а истрагата е во тек.

ФОТО | Трагедија кај Сремска Митровица – автобус полн со работници се преврте, има загинати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот