Страв и ужас на видиковец во Хрватска финансиран од Европскиот фонд за регионален развој ( ВИДЕО)

Шрафови се одвртуваат на туристичка атракција вредна 13 милони евра.

Фејсбук страницата „Дневна доза макарски неред“ сподели видео со коментар „Помалку од 90 дена по отворањето на Skywalk, завртките се одвртуваат сами“.

На видеото се гледа како маж покажува колку лесно се одвртуваат шрафовите на висински видиковец кој се наоѓа на височина од 1228 метри на планината Биоково.

„Еве го, лесно се одвртува“ вели човекот на видеото.


Туристичката атракција на далматинскиот брег беше свечено отворена на 1 јули. Главната карактеристика на Skywalk е платформата за гледање од стакло, која излегува на 12 метри од карпа на планината. Сместена е во југозападниот дел од паркот шумата Биоково, во Равна Влашка.

Вредноста на Skywalk, изнесува околу 13 милиони евра и е една од активностите во рамките на проектот „Нов Адрион“ – Промовирање на одржлива употреба на природното наследство ПП Биоково, кој е финансиран од Европскиот фонд за регионален развој во рамките на Оперативната програма за конкурентност и кохезија 2O14-2O2O. Вкупната вредност на целиот проект кој треба да се заврши до јануари 2021 година изнесува околу 46 милиони евра.

На отворањето премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ рече дека овој објект претставува чекор напред за туристичката понуда на паркот и целото крајбрежје на Макарска и Забиоковје.

„Овој модерен и одличен и архитектонски фасцинантен проект е нова атракција која дава единствена можност и неверојатно искуство при одење по небото“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот