„Стоунси“ откажаа концерт: Мик Џегер позитивен на ковид-19

ролинг стоунс
Фото: Профимедиа

„Ролинг Стоунс“ го одложи своето шоу во Амстердам откако нивниот 78-годишен фронтмен Мик Џегер во понеделникот рече дека е позитивен на ковид-19, принудувајќи го бендот да ја откаже својата последна свирка.

„За жал штотуку се тестирав позитивен на Ковид. Наша цел е да го презакажеме датумот што побрзо и да се вратиме што е можно поскоро. Ви благодарам за вниманието и разбирањето“, напиша Мик Џегер на „Твитер“.

Легендарниот британски бенд ја отвори својата европска турнеја со свирка во Мадрид на 1 јуни, по повод одбележувањето шест децении од нивното формирање.

Џегер, кој е вакциниран против Ковид, минатиот април ја претстави новата песна – „Easy Sleazy“ – што ја снимил дома за време на заклучувањето на коронавирусот.

img alt
фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALLAGA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот