Стотина учесници на меморијалниот планинарски марш „Сашо Костадиноски”

Традиционалниот планинарски марш, во чест на прерано починатиот планинар Сашо Костадиноски, по четврти пат беше организиран од Планинарско-еколошкото друштво „Ендорфин” од Кичево.

На Меморијалниот планинарски марш „Сашо Костадиноски”, годинава зедоа учество стотина планинари од повеќе планинарски друштва од земјава. Покрај домаќините од ПЕД „Ендорфин” учествуваа и планинари од ПЕГ „Турни ме да кинисам” од Битола, ПСК Х-20 Скопје, ЕПД „Картуш” Прилеп, ПСД „Клепа Градско” и други вљубеници во искачувањето и совладувањето на височини.

 

Елен Ванчоска Секулоска, планинар од локалното друшто изјави дека за време на маршот учесниците совладале висинска разлика 680 метри, за да се искачат на највисоката кота на планината Гољак, Веливрв.

– По враќањето од врвот за сите учесници на маршот беше организиран заеднички ручек од страна на МЗ Брждани и ПЕД „Ендорфин”, а се служеше војничко гравче. Маршот ќе остане запаметен по дружбата на планинарите кои и покрај топлото време беа расположени за соработка и споделување на настанот, истакна Ванчоска Секулоска.

Таа додава дека големиот одзив на планинарите од родниот град и земјата е потврда за почитта што планинарите ја имаат кон својот другар Сашо Костадиноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот