Стоп за сообраќајното насилство: Во недела мирен протест на „Партизанска“ каде животот го загуби 25-годишната Викторија

Мирен протест за младата Викторија на „Партизанска“ во недела / Фото: Фејсбук

Во недела на 30 ти јануари на булеварот „Партизански одреди“ ќе се одржи мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа, стои во онлајн закажаниот настан на социјалната мрежа Фејсбук.

Во поканата до корисниците на социјалната мрежа стои дека токму поради последните случувања на улиците и пешаците како жртви, со почеток од 12 до 13 часот ќе се оддржи мирен протест на раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall.

„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, стои во поканата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот