Стојановски прави трансфер во Хрватска, дебито в сабота против Хајдук?!

Влатко Стојановски го постигна првиот гол/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Како што пренесува хрватскиот „Индекс“, екипата на Горица би требало да промовира три нови засилувања..Помеѓу нив се одвојува и името на македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски кој настапи летово на Европското првенство.

Истиот извор вели дека Стојановски доаѓа од францускиот клуб Ним како слободен играч..

Минатата натпреварувачка сезона нашиот 24-годишен напаѓач беше на позајмица во Шамбли, во тамошната француска втора лига со 11 настапи.

Стојановски веќе има искуство од Хрватска каде што пред да се пресели во тетовската Ренова беше дел од Дугопоље и Сплит. Исто така ги бранеше и боите на скопски Металург.

Неговото доаѓање во Горица веќе е договорено, и тренерот на овој клуб Рендулиќ би можел да го има на располагање Македонецот веќе за саботниот натпревар од четвртото коло во најсилната хрватска лига против Хајдук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот