Стоилковски: Дали Александар Филев е вратен за директор на ЦСР Радовиш?

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во Центарот за социјални работи Радовиш бил вратен на работа човек кој бил разрешен зашто како што велат ,,бил фатен во трговија со дрога”.

Бесрамно, СДСМ го враќа на работа директорот на меѓуопштински ЦСР Радовиш, Александар Филев од СДСМ, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога, за неколку дена потоа пијан да нападне полицајци среде полициска станица! Без никаков срам Јована Тренчевска, таа што бара гласови во изборна единица 4 бара, а СДСМ и ДУИ го укинаа разрешувањето на Филев од Центарот во Радовиш заради билдањето на неговото полициско досие, кое е во судир со функцијата директор на ваков центар. Внимавајте, човек фатен во трговија со дрога и човек насилник, алкохолизиран напаѓа полицајци, наместо да е корисник на услуги на ЦСР, заради неговото поведение, СДС и Тренчевска го враќаат како директор!? Овој човек, кој во 20 дена годинава неколкукратно има регистриран судир со законот заради наркотици, алкохол и насилство, сам по себе е опасност за штитениците на ЦСР, а не пак да директорува со институцијата која треба да помогне токму и на вакви лица, и на лица жртви на такви како него, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој праша зошто Филев е вратен од страна на владата на СДСМ и ДУИ.

Која е неговата вистинска улога во изборниот процес? Филев е виден член на СДСМ и близок со Јована Тренчевска и поставен за директор од неа. Дали Филев и е потребен на Тренчевска за да одработи за изборите каде што таа е кандидат?Дали Филев е вратен за директор затоа што и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп? Дали на Тренчевска и е побитен можниот поткуп, влијание, убедувања, корупција на социјално загрозени, отколку благосостојбата на штитениците на ЦСР? Дали на Јована Тренчевска поважен и е глас повеќе па и по цена на загрозено здравје на оние несреќници и деца во Центарот жртви на зависници од дрога и алкохол како Филев? Одлука на влада да се врати на позиција со дебело полициско досие на агресивен наркодилер, кај кого е најдена дрога, и алкохоличар којшто пијан напаѓа полицајци, да се врати за директор на меѓуопштински ЦСР е сржта на антиевропското и коруптивното во оваа власт, додаде Стоилковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот