Стоичков за Дембеле: Во мое време ќе врзуваше копачки

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Поранешниот бугарски фудбалер и легенда на Барселона, Христо Стоичков жестоко го критикуваше Осман Дембеле.

Стоичков гостуваше во ТВ емисија каде што не штедеше критики за Французинот кој е пред трансфер во Пари Сен Жермен.

„Јас научив што е Барселона. Учев во ерата на сите најголеми фудбалери во клупската историја. Знаев што е историјата на Барселона. А ти? Ти никогаш нема да сфатиш што е Барселона, тоа ти го кажува Христо Стоичков. Ако не сакаше да останеш во Барселона, барем немој да го срамиш овој грб. Кажи дека не сакаш да бидеш во клубот, фрли го дресот и замини. Измами многу луѓе дека знаеш да играш фудбал“.

„Тоа ти го кажувам затоа што и јас играв на истата позиција. Не се обиде ништо да научиш од играчите на твојата позиција кои беа пред тебе. Ако не ти се допаѓа клубот, никој не те држи со сила. Господине Лапорта, отворете му ја вратата и не ка си замине. Во мое време таквите фудбалери ќе чистеа копачки“, изјави Стоичков.

Дембеле пред шест години пристигна во Барселона за 140 милиони евра и никогаш не ги оправда очекувањата. Сега ПСЖ за него е спремен да плати околу 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот