Стоичков: Белингам не заслужи да биде избран за најдобар млад фудбалер

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Oсвојувачот на „Златната топка“ во 1994 година Христо Стоичков го критикуваше изборот на „Тутоспорт“ Џуд Белингам да биде најдобар млад фудбалер.

Според бугарската фудбалска легенда, англискиот репрезентативец не ја заслужил наградата за најдобар млад фудбалер затоа што ништо не освоил со Борусија Дортмунд од каде што пристигна во Реал Мадрид.

„Белингам не ја заслужи наградата „Голден Бој“. Неспорно дека зборуваме за голем талент, има квалитет. Тој е комбинација на Ландруп, Кака и Погба од најдобрите денови. Ќе конкурира во иднина за „Златната топка“, но што освои минатата година со Борусија Дортмунд? Ништо. Според мене Мусиала од Баерн или Балде од Барселона требаше да ја освојат оваа награда. Тие имаа трофеи со своите клубови“, изјави Стоичков.

Ќе потсетиме, Белингам пред „Голден Бој“ наградата ја освои и наградата за најдобар млад фудбалер во годината која ја доделува „Франс Фудбал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот