Стејт Департментот ги советува Американците да не патуваат во неколку европски земји

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

Американскиот Стејт департмент ги предупреди Американците да не патуваат во Германија и уште неколку европски земји поради актуелното забрзано ширење на коронавирусот во земјата, пренесува Си-Ен-Ен.

Предупредувањето на Стејт департментот на ниво 4 против патување во Германија е поврзано со најновата проценка на ситуацијата од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Избегнувајте патување во Германија. Доколку треба да одите таму, обврзно бидете целосно вакцинирани пред патувањето, предупредува ЦДЦ и додава дека „поради моменталната ситуација во Германија, дури и целосно вакцинираните луѓе може да бидат изложени на ризик да добијат и пошироки варијанти на ковид-19“.

Германија се соочува со зголемување на бројот на заразени и медицинските експерти и канцеларката Ангела Меркел предупредија дека болниците веќе се борат во некои региони.

Бројот на нови случаи на заразени во земјата се удвојува на секои 12 дена.

Хрватска, Австрија и уште неколку држави на списокот

Германија и Данска се меѓу земјите за кои е издадено предупредување од ниво 4, највисоко ниво на скалата на ЦДЦ.

Предупредувањето од Ниво 4 важи и за другите земји во Европа кои моментално се сериозно погодени од пандемијата, вклучувајќи ги Белгија, Хрватска, Унгарија, Австрија и Холандија.

За Франција и Италија се применува Ниво 3, според кое патниците се повикуваат да ги преразгледаат своите планови за патување.

Пред пандемијата, највисокото ниво на предупредување главно беше резервирано за земјите како Авганистан и Ирак, погодени со кризи и конфликти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот