Стартува Вимблдон, Ѓоковиќ во поход кон историјата

Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMА

Со една година задоцнување поради пандемијата на коронавирусот, денеска започнува 134. издание на најпрестижниот тениски турнир на светот, Вимблдон.

На култното место, Олд Ингланд клубот, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да направи уште еден чекор кон епитетот најдобар тенисер во историјата. Седум победи го наредните две недели го носат до 20. грен слем трофеј во кариерата со што би се израмнил со Рафаел Надал и Рожер Федерер на првото место на вечната листа.

Сите статистички податоци се на негова страна, има подобар меѓусебен скор, повеќе недели на врвот на АТП ранг листата, заедно со Надал имаат ист број на мастерс титули (по 36), но Ѓоковиќ е единствен во модерната ера на тенисот кој има триумф на сите девет турнири од Мастерс серијата како што е единствен со најмалку два триумфа на секој од четирите глен слем турнири.
Покрај тоа, со евентуалниот триумф на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ би дошол на само еден чекор од календарскиот грен слем, односно триумф на сите четири најголеми турнири во една година. Прва пречка кон историјата ќе му биде Британецот Џек Дрејпер.

–  Грен слем титулите се мојата најголема мотивација, ова го зборувам подолго време и сакам да го искористам секој грен слем за да се борам за трофејот. Ја темпирам формата токму за овие турнири, имам голема самодоверба бидејќи триумфирав на првите два грен слем турнири оваа година. Триумфот на Ролан Гарос ме исцрпи ментално и физички, но во исто време ми влеа позитивна енергија. Сега сум фокусиран само на Вимблдон и одам чекор по чекор, исто така секогаш ме лазат морници кога сум на овие терени – изјави Ѓоковиќ.

Во женска конкуренција, целото внимание ќе биде насочено кон Серена Вилијамс и нејзиниот обид да дојде до бројката од 24 гренд слем триумфи и да се се израмни со легендарната Маргарет Корт на вечната листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот