Старите пријатели му честитаат на Ердоган – Путин, Вучиќ, Додик, Орбан, Рама…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган / Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин по повод победата во вториот круг од претседателските избори во Турција му испрати писмо на Ердоган во кое му ја честита победата. Во писмото упатено до Ердоган тој му се обраќа со „почитуван господине Ердоган, драг пријателе“ и му го честита реизборот за претседател.

„Победата на изборите е природен резултат на вашата несебична работа на чело на Република Турција, јасен доказ за поддршката на турскиот народ за вашите напори за зајакнување на државниот суверенитет и водење независна надворешна политика. Високо го ценам вашиот личен придонес за зајакнување на пријателските руско-турски односи и заемно корисна соработка во различни области. Би сакал да ја потврдам нашата подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог за актуелните теми од билатералната, регионалната и меѓународната агенда. Придаваме големо значење на доследно спроведување на планираните заеднички проекти, пред се изградбата на нуклеарната централа Аккују и создавање на гасен центар во Турција“, напиша Путин.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во честитката му посака успех на Реџеп Таип Ердоган, со желба во овој мандат да остане посветен на натамошниот развој на неговата земја и благосостојбата на граѓаните.

„Се надевам дека заедно ќе работиме на нови иницијативи кои ќе го забрзаат силниот развој на целиот регион, но и ќе ги зближат луѓето и ќе ги поврзат економиите за доброто на сите наши граѓани. Како доверлив и сериозен партнер на Турција во Западен Балкан, Србија останува решена посветено да работи на натамошно проширување и зајакнување на нашите односи, засновани на меѓусебно разбирање и благодарност, како и искрени пријателски врски со турскиот народ“, се вели во честитката на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Честитки за победата господине претседателе, напиша Рама на Фејсбук.

Познато е дека Рама е голем пријател на Ердоган.

Честитки до шефот на турската држава испрати и претседателот на Република Српска, Милорад Додик кој ја нарече победата на Ердоган историска и порача дека неговиот избор за претседател не е од важност само за Турција, туку и за остатокот од светот.

Меѓу првите честитки беше онаа од унгарскиот премиер Виктор Орбан и од катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.

„Драг мој брат Реџеп Таип Ердоган, ви ја честитам победата и ви посакувам успех во новиот мандат и во него да го постигнете она за што братскиот турски народ се стреми во однос на напредок и просперитет и за цврсти односи на нашите две земји. , за понатамошен развој и раст“, ​​напиша Ал Тани на Твитер.

Честитки од македонскиот државен врв до Ердоган се уште нема, само претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз Мунир Колашинац му ја честиташе победата претседателските избори на Реџеп Таип Ердоган.

-Само со труд и заложби покажа како се сака својата држава и својот народ на сите полиња. Секој глас даден за него е потврда на неговара макотрпна работа и жртва. Оваа победа е гаранција за просперитет успех напредок и економски развој на Туркије и регионот. Оваа победа е гордост на турскиот народ но и на братските народи на Туркије меѓу кои и бошњачкиот, стои во честитката од Бошњачкиот демократски сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот