„Стариот мој, како да сака да ме гушне…“: Игор Џамбазов сподели емотивни фотографии од родителите

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Легендарниот диригент и композитор Александар Џамбазов почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст. Со оддавање почит на неговиот лик и дело, се одржа и комеморација во чест на маестро Џамбазов.

Почина Александар Џамбазов: Последен поздрав маестро

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов се прости од својот татко, а скршен од болка, сподели емотивна фотографија од комеморацијата, пишувајќи во описот: „Стариот мој… како да сака да ме гушне…“.

Игор присетувајќи се на двајцата родители, Анче и Александар Џамбазови, сподели уште една емотивна фотографија, овојпат од нивната венчавка.

„За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…“, напиша Игор покрај фотографијата.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

ФОТО | Љубовната приказна на Александар и Анче Џамбазови: Раскошни љубов и талент кои се паметат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот