„Старата дама“ ја краде најголемата желба на Барса!?

Фото: Твитер

Јувентус и Барселона си разменуваа играчи во претходните години, се договораа за трансфери и позајмици, а сега имаат и иста „мета“. Мемфис Депај веќе со месеци се поврзува со трансфер во каталонскиот клуб во зимскиот преоден рок. Напаѓачот на Лион е еден од играчите кој Роналд Куман би сакал да го види во својот тим.

Британскиот „Сан“ пишува дека Французинот може да ја промени средината оваа зима, а според некои проценки, за само пет милиони евра!

Договорот на Депај истекува по завршувањето на оваа, а Лион ќе се обиде да заработи барем нешто пред Мемфис да стане слободен агент.

Во приказната влезе и Јувентус, што би можело само да се зголеми цената на фудбалерот. Тренерот на „Старата дама“ Андреа Пирло јавно објави дека му треба четврти напаѓач заедно со Кристијано Роналдо, Алваро Мората и Пол Дибала.

А не е ни тајна дека италијанскиот шампион со месеци ја следат и ситуацијата со Аркадиуш Милик од Наполи. Јуве се подготвува и за „планот Б“ во случај трансферот со „наполитанците“ да се искомплицира или Дибала да го напушти клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот