Стано: Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини

Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

„Го повикуваме Косово без натамошно одлагање да продолжи со формирањето на Заедницата на српски општини во согласност со Нацрт-статутот на ЕУ“, кажа Стано за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој апелираше до Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија кои не придонесуваат за создавање поволна средина за разговори за нормализација на односите и да се заложат за решавање на сите отворени прашања во дијалогот.

Стано посочи дека ЕУ поддржува единствен институционален и административен аранжман во  Косово.

„Сите досегашни договори за дијалог се целосно усогласени со овој принцип и ја следат правната и институционалната рамка на Косово, што беше потврдено со заклучоците на Европскиот совет“, изјави Стано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот