ВИДЕО | Стано: ЕУ очекува формирање на ЗСО и враќање на Србите во институциите

Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека договорот постигнат во средата вечерта не е крај на процесот, туку почеток на работата и најави дека високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, наскоро ќе ги покани лидерите на Белград и Приштина на нова средба во Брисел, објави РТВ.

На прашањето што може да се очекува следно, бидејќи претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Србите ќе се вратат во институциите кога ќе се исполни вториот услов – формирање на ЗСО и дали ЕУ работи на исполнување на тој услов. Стано истакна дека „враќањето на косовските Срби во институциите е едно од основните очекувања на ЕУ и дека истото важи и за формирањето на Заедницата на српски општини“.

Тој посочи дека „важно е да се исполнат постоечките договори, што е порака што ЕУ постојано ја испраќа и која важи за двете страни“.

„Се разбира, ова не е крај на процесот, договорот постигнат синоќа не е крај на процесот, туку почеток. Надежта е дека тоа ќе не изведе од перманентната криза и ќе ни овозможи да дојдеме до нова фаза во која ќе работиме на проблемите на одржлив начин и ќе избегнеме нови кризи“, објасни Стано на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот